Јавен повик за сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска
Од 23 до 25 ноември годинава ќе се одржи шестото издание на Деновите на финансиската писменост коишто ги организираат финансиските регулаторни институции, во соработка со приватниот финансиски сектор. Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува
ЈАВЕН ПОВИК
за сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска на следниве теми:
– Монетарна политика, на 23 ноември во 14.00 часот;
– Платежни услуги и осврт кон новиот Закон за платежни услуги и платни системи, на 24 ноември во 12.00 часот;
– Информации потребни при избор на кредит, на 24 ноември во 14.00 часот;
– Структура на финансискиот систем и осврт кон движењата во банкарскиот систем, на 25 ноември во 14.00 часот.
Целта на овие активности е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Презентациите ќе бидат наменети за слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.
Сите заинтересирани лица треба да го најават своето присуство преку порака на:
- е-адресата: [email protected] или
- официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.
Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација / тема го најавува своето присуство.
Рок за пријавување: најдоцна еден ден пред денот на предавањето.