Дефинитивни трансакции

Основната функција на инструментот е структурно регулирање на ликвидноста во банкарскиот систем, што би довело до долгорочна промена во нивото на ликвидност. Дефинитивните трансакции можат да се спроведуваат во двете насоки, за обезбедување или за повлекување ликвидност од банкарскиот систем, преку дефинитивен откуп, односно продажба на хартии од вредност на секундарниот пазар. Дефинитивните трансакции се спроведуваат со банките на билатерална основа.

 Одлука за купување и продавање на хартии од вредност на привремена и дефинитивна основа од страна на Народната банка на Република Македонија