Расположлив кредит преку ноќ
Основната функција на расположливиот кредит преку ноќ е надминување на ликвидносните проблеми кај поединечни банки со што се придонесува кон стабилизирање на ликвидноста на пазарите на пари и флуктуациите на краткорочните каматни стапки. Кредитот се одобрува со рок на достасување преку ноќ. Каматната стапка на расположливиот кредит преку ноќ претставува горна граница на краткорочните каматни стапки на пазарот на пари и се утврдува со додавање 0,50 п.п. над каматната стапка остварена на аукцијата на благајнички записи. Кредитот им стои на располагање на банките секој работен ден и се одобрува по нивно барање, во форма на репо-трансакција. Расположливиот кредит преку ноќ се одобрува согласно со Генералниот репо-договор, а како обезбедување се користат хартии од вредност согласно со Листата на хартии од вредност за спроведување на монетарни операции.
Одлука за расположлив кредит преку ноќ (неофицијално пречистен текст)
Каматна стапка на расположливиот кредит преку ноќ-историски податоци