Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
26 април 2013 година, Скопје
Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: „Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?“
Програма (презентациите се достапни само на англиски јазик)
Локација: хотел „Холидеј ин“
26 април 2013 година (петок)
9.00 Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија, воведно обраќање
Прва сесија: Ефективност на монетарната политика во услови на долготрајна криза: синергија на конвенционалниот и неконвенционалниот монетарен пристап
Претседавач: Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернер на НБРМ
9.15 Турала Кенџ, заменик-гувернер на Централната банка на Република Турција, Монетарната политика, текот на капиталот и реформата на меѓународниот монетарен и финансиски систем, главен излагач (презентација PDF)
9.45 Џузепе Фереро, Банка на Италија, Неконвенционалната монетарна политика во теорија и практика (презентација PDF)
10.05 Јасин Мимир, Централна банка на Република Турција, Задолжителната резерва како алатка на кредитната политика (презентација PDF)
10.25 Дискусија
10.45 Доделување на редовната Годишна награда на Народната банка на Република Македонија за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач
10.50 Пауза за кафе
Втора сесија: Заемно делување на монетарната и фискалната политика: дали кризата даде нови согледувања?
Претседавач: Маја Кадиевска-Војновиќ, вицегувернер на НБРМ
11.20 Михал Франта, Народна банка на Чешка, Следење на заемното монетарно и фискално делување во времето и просторот (презентација PDF)
11.40 Мирјана Милетиќ, Народна банка на Србија, Ефикасност на фискалниот и монетарниот стимул: случајот на Србија (презентација PDF)
12.00 Виктор Илиев, Народна банка на Бугарија, Фискалната политика и економскиот раст во Бугарија (презентација PDF)
12.20 Мирна Думчиќ, Алан Бобетко, Јосип Фунда, Народна банка на Хрватска, Фискалните одредници на трошоците на државното задолжување: дали сме виновни само ние? (презентација PDF)
12.40 Дискусија
13.00 Ручек
Трета сесија: Макропрудентните алатки и политики за мерење и ублажување на ризикот на финансискиот систем и заемното делување со монетарната политика
Претседавач: Анета Крстевска, главен економист на НБРМ
14.15 Адам Гершл, ЈВИ, Ублажувачи на кредитниот раст и капитал: емпириски доказ од земјите од Централна и Источна Европа (презентација PDF)
14.35 Јулија Кирали, Централна банка на Унгарија, Девизно кредитирање: проблемот со „текот“ и „залихата“ (презентација PDF)
14.55 Матјаж Волк, Банка на Словенија, Проценување на веројатноста од неплаќање и споредување со класификацијата на кредитното рангирање од страна на банките (презентација PDF)
15.15 Дискусија
15.30 Пауза за кафе
15.45 Адријан Костеју, Народна банка на Романија, Поврзување на банкарскиот сектор со реалната економија: изгледи за финансиска стабилност (презентација PDF)
16.05 Абулене Кастрати, Централна банка на Република Косово, Утврдување на системски важните банки на Косово (презентација PDF)
16.25 Магдалена Петровска, Елена Мучева, Народна банка на Република Македонија, Мерки за финансиска стабилност во Република Македонија (презентација PDF)
16.45 Дискусија
17.00 Завршница и затворање на Конференцијата