Комитет за управување со оперативните ризици (КУОР) 

Комитетот за ревизија (КР)

Комитет за управување со активата и пасивата на Народната банка (КУАП)

Кризен штаб (КШ)

Комитет за евроинтеграции (КЕИ)









Комитет за управување со активата и пасивата на Народната банка

Комитетот за управување со активата и пасивата на Народната банка на Република Македонија (КУАП) е надлежен за управување со активата и пасивата на Народната банка на Република Северна Македонија. КУАП ги следи движењата во билансот на состојба и билансот на успех на Народната банка, ги разгледува нацрт финансиските извештаи на Народната банка, нацрт финансискиот план, нацрт-планот за инвестициите и нацрт-планот за јавните набавки и предлага соодветни измени и дополнувања пред да бидат доставени до раководството на Народната банка. Други надлежности на КУАП се да го следи остварувањето на Финансискиот план, Планот за инвестициите и на Планот за јавните набавки, да го разгледува статусот на судските предмети во кои Народната банка се јавува во улога на тужен или тужител, да го разгледува предлог-извештајот на Централната пописна комисија и предлог-одлуката од пописот на средствата и обврските на Народната банка (редовните и вонредните пописи) и да предлага дополнувања и измени пред доставувањето до раководството на Народната банка.

Во Комитетот членуваат работници од Народната банка со познавања и искуство соодветно на предметот на работа и надлежностите на Комитетот, определени со решение донесено од гувернерот. Со седниците на Комитетот претседава претседателот на Комитетот, а во случај на негова спреченост, лице од редот на членовите на Комитетот, овластено од претседателот.

Комитетот одржува состаноци најмалку еднаш квартално.


Кризен штаб

Кризниот штаб (КШ) се формира заради организирана и благовремена заштита на луѓето и материјалните добра од последиците од ситуација на криза во Народната банка. Во ситуација на криза, КШ претставува највисок орган на одлучување и управување во Народната банка, во однос на одлучувањето за спроведување на активностите поврзани со кризната ситуација.

Надлежностите на КШ се: да прогласи ситуација на криза и престанок на ситуација на криза, да одлучува за спроведувањето на активностите поврзани со кризна ситуација, да ги разгледува извештаите од соодветните кризни групи за настанатите штети и последиците од ситуацијата на криза, да потпишува договори со трети лица коишто се потребни за надминување на кризните ситуации, да одобрува тестирање и проверка на контролните системи за ефикасна примена на Политиката за непрекинатост во работењето и да информира за кризните ситуации и да соработува со слични кризни тела на финансиски институции или државни органи.

КШ е составен од претседател и четири члена. Претседател на КШ е гувернерот на Народната банка. За претседателот на КШ и за членовите се назначуваат соодветен број заменици. Советот на Народната банка ги именува членовите на КШ и нивните заменици, на предлог на гувернерот, за период од четири години.

КШ работи на седници, коишто може да бидат редовни и вонредни. Седниците на КШ се одржуваат најмалку еднаш годишно. Претседателот на КШ ги свикува и ги води седниците на КШ.


Комитет за евроинтеграции

Комитетот за евроинтеграции (КЕИ) претставува работно тело формирано од Советот на Народната банка, надлежно за разгледување на прашањата поврзани со евроинтеграцискиот процес. За своето работење, КЕИ го информира Советот на Народната банка најмалку еднаш годишно.

На седниците на КЕИ се разгледуваат материјали поврзани со евроинтеграцискиот процес, се разгледуваат прашања поврзани со подготовката за учество во стратешките евроинтеграциски процеси и се разгледуваат препораките од извештаите на европските институции. Исто така, КЕИ ги разгледува сите позначајни документи пред да се достават до надлежните институции, дефинира ставови за следните фази на евроинтеграцискиот процес и го следи постапувањето според препораките.

КЕИ го сочинуваат осум члена, и тоа: гувернерот, кој претседава со КЕИ, вицегувернерите, главниот економист, генералниот директор, секретарот на банката и советник на гувернерот од Канцеларијата за советници на раководството. Во зависност од материјалите за дискусија, на седниците на КЕИ можат да учествуваат и други стручни лица од Народната банка.