Пондерирани каматни стапки на банките и штедилниците, вкупни и новодоговорени и активни и пасивни каматни стапки на НБРСМ
Статистиката на каматните стапки опфаќа податоци за пондерираните каматни стапки на банките и штедилниците за вкупните кредити и депозити, новодоговорените кредити и депозити, новоодобрените кредити со обезбедување, новоодобрените долгорочни кредити, како и прекуноќните депозити, револвинг кредитите, негативните салда на тековни сметки и кредитите врз основа на кредитни картички. Исто така, се објавуваат и временски серии за вкупните кредити и депозити, како и за новодоговорените кредити и депозити.
Пондерираните каматни стапки кои се однесуваат на вкупните кредити и депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, оригинална рочност на достасување и валута.
Пондерираните каматни стапки коишто се однесуваат на новодоговорените активности за дадените кредити и за примените депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, висина на дадените кредити на нефинансиските институции, иницијален период на фиксирање на каматната стапка кај кредитите, оригинална рочност на достасување кај депозитите и валута. Новодоговорените активности ги опфаќаат сите нови договори склучени во објавениот месец.
Најнови остварувања:
Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на годишна основа за 0,36 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,17% и на годишна основа е пониска за 0,03 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 4,38% и бележи годишно намалување од 0,04 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари годишно зголемување од 0,19 п.п. и изнесува 2,54%.
Прочитај повеќе...