Одлуките за монетарната политика ги носи Извршниот одбор, како колективен орган на одлучување, поставен со измените и дополнувањата на Законот за Народната банка од 10 април 2024 година. Извршниот одбор го сочинуваат извршните членови на Советот на Народната банка, односно гувернерот, како претседавач и тројцата вицегувернери.

Со формирањето на Извршниот одбор се укинува Комитетот за оперативна монетарна политика, коешто беше работно тело формирано од Советот на Народната банка и во чии рамки гувернерот и вицегувернерите беа членови со право на глас и одлучуваа за предлозите за поставеноста и оперативното спроведување на монетарната политика. Подетални информации за работењето на Комитетот за оперативна монетарна политика, како и соопштенијата и архивата на седниците се достапни на врската.

Динамиката на одржување на седниците на Извршниот одбор на кој се носат одлуки за монетарната политика е утврдена со Календар, којшто е усогласен со почетокот на периодите на исполнување на задолжителната резерва. Народната банка известува за одлуките за монетарната политика преку соопштенија за јавноста. 


Индикативен календар на седници на Извршниот одбор на кој се носат одлуки за монетарната политика

Седници на ИО за монетарната политика

Комуникација со јавност

10.02.2026

10.02.2026

24.03.2026

24.03.2026

05.05.2026

05.05.2026

16.06.2026

16.06.2026

28.07.2026

28.07.2026

15.09.2026

15.09.2026

03.11.2026

03.11.2026

22.12.2026

22.12.2026


Индикативен календар на седници на Извршниот одбор на кој се носат одлуки за монетарната политика