Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
Заштитено внатрешно пријавување се врши во Народната банка ако има разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се загрозува јавниот интерес од страна на вработен во Народната банка или член на Советот на Народната банка.
Во својство на укажувач може да се јави лице кое:
- има засновано работен однос на неопределено или определено време во Народната банка;
- е кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во Народната банка;
- е или било волонтер или практикант во Народната банка;
- по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа во Народната банка;
- по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со Народната банка;
- користи или користело услуги на Народната банка.
Упатството за заштитено внатрешно пријавување
Александра Тасеска
Заменик директор на Дирекција за управување со човечките ресурси
Телефон за контакт: 02 3108 136
Поштенска адреса за контакт за прием на пријави:
Народна банка на Република Северна Македонија
бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Електронска пошта за прием на пријави: [email protected]
Дигитален сертификат за размена на енкриптирани пораки
Упатство за инсталација на софтвер за комуникација со шифрирани пораки – „GPG4win“