Супервизија
Согласно Законот за Народната банка на Република Македонија и Законот за банките, Народна банка е единствената супервизорска агенција надлежна за лиценцирање на банките и штедилниците во Република Северна Македонија, како и за вршење супервизија на нивното работење.
Основна цел на Народната банка при извршувањето на супервизорската функција е одржување на сигурен и стабилен банкарски систем и заштита на интересите на штедачите и другите кредитори кои имаат вложено сопствени средства во банките. Во извршувањето на својата супервизорска функција, Народната банка применува низа супервизорски стандарди кои базираат на меѓународните станадарди и практики, воспоставени од страна на Базелскиот комитет за банкарска супервизија.