Во рамки на активностите за поддршка на развојот на истражувачката и аналитичката работа, Народната банка го формираше Клубот на истражувачите во јули 2011 година. Клубот на истражувачите е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Народна банка објавува постојан повик до истражувачите да поднесат сопствен труд до Клубот, вклучително и оние во работна верзија. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира солидна емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, важни за носителите на политиките, но и за академските кругови. 

Истовремено, се повикуваат сите аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, како и студентите и останатите заинтересирани да присуствуваат на сесиите на Клубот како дискутанти или како слушатели. На овој начин се овозможува квалитетна и отворена дискусија меѓу истражувачите, носителите на политиките, аналитичарите од финансиските институции и другите учесници. Исто така, преку размената на мислења се обезбедува унапредување на научно-истражувачката работа во земјата. 

Зачленувањето во клубот е од отворен карактер и истото може да се направи преку барање за членство на следнава електронска адреса: [email protected]. Членовите на Клубот добиваат редовно известување по електронска пошта за сесиите на Клубот на истражувачи.



1 сесија 01.07.2011

2 сесија 02.09.2011

3 сесија 02.12.2011

4 сесија 02.03.2012

5 сесија 08.06.2012

6 сесија 14.09.2012

7 сесија 07.12.2013

8 сесија 08.03.2013

9 сесија 07.06.2013

10 сесија 26.09.2013

11 сесија 19.12.2013

12 сесија 13.03.2014

13 сесија 12.06.2014

14 сесија 18.09.2014

15 сесија 11.12.2014

16 сесија 19.03.2015

17 сесија 11.06.2015

18 сесија 17.09.2015

19. сесија 10.12.2015

20. сесија 10.03.2016

21. сесија 9.06.2016

22. сесија 15.09.2016

23. сесија 16.12.2016

24. сесија 02.03.2017

25. сесија 01.06.2017

26. сесија 14.09.2017

27. сесија 07.12.2017

28. сесија 15.3.2018

29. сесија 13.6.2018

30. сесија 26.9.2018

31. сесија 13.12.2018

32. сесија 21.03.2019

33. сесија 26.6.2019

34. сесија 20.9.2019

35. сесија 12.12.2019

36. сесија 17.09.2020