Должнички хартии од вредност
Должнички хартии од вредност, по сектори на иматели и издавачи
Должничките хартии од вредност се прикажуваат во стандардизирана извештајна табела, која го следи принципот „од кого на кого“, при што се идентификуваат резидентните и нерезидентните иматели, по сектор на издавачи на должничките хартии од вредност. Податоците се изработуваат со квартална динамика и се однесуваат на состојбата на крајот на секој квартал, на неконсолидирана основа, искажани во домашна валута (во милиони денари).
Најнови остварувања
На крајот на третиот квартал од 2022 година, состојбата на вложувањата на резидентите во домашни и странски должнички ХВ изнесува 338 милијарди денари. На квартална основа е остварен раст од 13,9 милијарди денари (4,3%), којшто во најголем дел е резултат на зголемувањето на вложувањата на финансискиот сектор, главно заради повисоките вложувања во должнички ХВ на централната банка и секторот ОФИ.

Извор: Народна Банка на Република Северна Македонија




За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 141 (или 110/108)