Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
23 април 2015 година, Скопје
Четврта истражувачка конференција „Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика“
Програма (презентациите се достапни само на англиски јазик)
Локација: хотел „Александар Палас“
23 април 2015 година (четврток)

9.00 Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија, воведен говор
9.00-11.00 Прва сесија: Главни излагања и панел дискусија за политиките на високо ниво
9.10 Мирослав Сингер, гувернер на Чешката народна банка, главен излагач (презентација PDF)
Претседавач: Александар Стојков, член на Советот на Народната банка
9.40 Борис Вујчиќ, гувернер на Народната банка на Хрватска,
дискутант
9.50 Панел-дискусија: Мирослав Сингер, Борис Вујчиќ, Димитар Богов
10.40 Прашања од публиката
10.55 Доделување на Годишната награда на НБРМ за најдобар труд во областа на макроекономијата и банкарството од млад истражувач
11.00 Пауза за кафе
11.30 - 13.00 Втора сесија: Структурни ригидности, раст и монетарна политика
Претседавач: Владимир Филиповски, Економски факултет, Скопје
11.30 Балаш Егерт, ОЕЦД, Структурни политики и економски раст: Влијанието на производствените политики и политиките на пазарот на трудот врз мултифакторската продуктивност, инвестициите и врз пазарот на трудот (презентација PDF)
11.50 Хулја Сајгили, Централна банка на Република Турција, Стоковна размена, глобализација на производствената структура и инфлаторна динамика: анализа по земји (презентација PDF)
12.10 Магдалена Петровска, НБРМ, Флоријан Хубер, Централна банка на Австрија, Ригидности на цените и платите во Република Македонија: резултати од анкетно истражување (презентација PDF)
12.30 Алтин Танку, Банка на Албанија, дискутант (презентација PDF)
12.45 Дискусија
13.00 Ручек
14.00 - 15.30 Трета сесија: Променливата природа на механизмот на трансмисија на монетарната политика
Претседавач: Ана Митреска, директор на Дирекцијата за монетарна политика и истражување, НБРМ
14.00 Јаник Ликот, ЕСГ Школа за менаџмент, Франција, г. Грегори Левјуж, г. Себастиен Рангуди, Кредибилитетот на централната банка и каналот на очекувањата: факти базирани врз таканаречениот нов индекс на кредибилитет (презентација PDF)
14.20 Утку Озмен, г. Чари Сарикаја, Централна банка на Република Турција, Реакција на инфлацијата на условите на страната на побарувачката во Турција: Утврдување на поткатегориите на индексот на трошоците на животот како одговор на производствениот јаз и кредитите (презентација PDF)
14.40 Ленарчич Чрт, Банка на Словенија, Дали податоците потврдуваат присуство на ефектот Херод-Баласа-Семјуелсон? Панел-анализа на кварталните податоци од 25 европски земји (презентација PDF)
15.00 Марјан Петрески, Универзитет „Американски колеџ“ Скопје, дискутант (презентација PDF)
15.15 Дискусија
15.30 Пауза за кафе
15.45 - 17.00 Четврта сесија: Структурни карактеристики на финансискиот систем
Претседавач: Анета Крстевска, главен економист, НБРМ
15.45 Мирна Думичиќ, Игор Љубај, Народна банка на Хрватска, Форензичка анализа на кредитната активност во Хрватска (презентација PDF)
16.05 Бранислав Сакса, Чешка народна банка, Проекција на движењата на хипотекарните кредити: Интернетските пребарувања како апроксимација за побарувачката на хипотекарни кредити (презентација PDF)
16.25 Алесио Чарлоне, Европска централна банка, дискутант (презентација PDF)
16.45 Дискусија
17.00 Завршница и затворање на Конференцијата