Директни инвестиции - Движења
Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.
Податоците за трансакциите на директните инвестиции се прикажуваат според пазарната вредност.
Најнови остварувања:
Во текот на четвртиот квартал од 2022 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 246,4 милиони евра, како резултат на зголемените инвестиции во меѓукомпанискиот долг (од 322 милиона евра) и сопственичкиот капитал (115,9 милиони евра), при намалена реинвестирана добивка (191,5 милиона евра).
Во 2022 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 753,8 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај меѓукомпанискиот долг (за 457,6 милиони евра) и сопственичкиот капитал (307,2 милиона евра), при намалена реинвестирана добивка (11 милиони евра).
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на
[email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)