Операциите на отворениот пазар претставуваат група индиректни пазарни инструменти на монетарната политика, преку кои Народната банка врши продажба и купување на хартии од вредност. Со овие инструменти се влијае врз нивото на краткорочните каматни стапки, односно нивото на расположливите ликвидни средства на банките. Зголемувањето на каматната стапка кај овие операции упатува на порестриктивна монетарна политика и обратно, намалувањето на каматната стапка овозможува релаксирање на монетарните движења.

Согласно структурната позиција на банкарскиот систем, Народна банка повлекувањето ликвидни средства од банкарскиот систем го остварува преку емисија на хартии од вредност (благајнички записи). Дефинитивните купопродажби на хартии од вредност на секундарниот пазар исто така се инструмент на располагање за структурно регулирање на ликвидноста.

Во услови на позначајни отстапувања кај проекциите на ликвидноста коишто доведуваат до непланиран вишок или недостиг на ликвидност во вкупниот банкарски систем, Народната банка може да применува (вонредни) операции за фино регулирање преку коишто се избегнуваат значајни флуктуации на нивото на ликвидноста на банкарскиот систем и каматните стапки на пазарите на пари.

Операциите на отворениот пазар ги опфаќаат следниве инструменти: