Платниот биланс ги евидентира сите економски трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти во одреден временски период и ги отсликува сложените економски врски на земјата со остатокот од светот. Платниот биланс се состои од тековна сметка (стоки, услуги, примарен и секундарен доход), капиталнa и финансиска сметка.



Најнови остварувања:

Во четвртиот квартал од 2022 година, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 246,2 милионa евра, главно како резултат на дефицитот во стоковната размена.
Кај финансиските трансакции со нерезидентите се остварени нето-приливи од директни инвестиции (239 милиони евра), заеми (210 милиони евра) и трговски кредити (110,2 милиона евра), а нето-одливи врз основа на валути и депозити (107,5 милиони евра) и портфолио-инвестиции (74,1 милион евра). Прочитај повеќе ... 

 








 


 


Архива на платен биланс  


За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)