Ковани пари во оптек

Кованите пари со номинална вредност од 50 дени, 1, 2 и 5 денари се пуштени во оптек во мај 1993 година. На аверсите од кованите пари е претставена нивната номинална вредност, додека дизајнот на реверсите на кованите пари ги вклучува најзначајните репрезенти на биодиверзитетот во Република Северна Македонија: дојранскиот галеб, шарпланинскиот пес, охридската пастрмка и пелистерскиот рис.

Во 2008 година, апоенската структура на кованите пари е збогатена со ковани пари со вредност од 10 и 50 денари, коишто во однос на дизајнот на реверсите содржат претстави што се појавуваат на книжните пари со иста апоенска вредност. Од 1993 година до денес кованите пари во апоени од 1, 2 и 5 денари се издаваат со непроменет дизајн, додека кованите пари во апоен од 50 дени се повлечени од оптек од 1 јануари 2013 година.

Издание 1993

Дијаметар: 23,8 мм Тежина: 5,10 г

Метал: Cu80Ni3Zn17

Аверс

1 ДЕНАР во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;

1993 во долното централно поле.

Претстава на шарпланински пес.

Издание 2016

Дијаметар: 23,8 мм Тежина: 5,10 г

Метал: Челично јадро обложено со бакар и месинг

Аверс

1 ДЕНАР во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;

2016 во долното централно поле.

Претстава на шарпланински пес.

Аверс

Издание 1993

Дијаметар: 25,5 мм Тежина: 6,20 г

Метал: Cu80Ni3Zn17

Аверс

2 ДЕНАРИ во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 

1993 во долното централно поле.

Претстава на охридска пастрмка (Salmo Letnica).

Издание 2017

Дијаметар: 25,5 мм Тежина: 6,20 г

Метал: Челично јадро обложено со бакар и месинг

Аверс

2 ДЕНАРИ во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 

2017 во долното централно поле.

Претстава на охридска пастрмка (Salmo Letnica).

Аверс
Реверс

Издание 1993

Дијаметар: 27,5 мм Тежина: 7,20 г

Метал: Cu80Ni3Zn17

Аверс

5 ДЕНАРИ во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;

1993 во долното централно поле.

Претстава на планински рис (Felis Lyinx).

Издание 2022

Дијаметар: 27,5 мм Тежина: 7,20 г

Метал: Cu80Ni3Zn17

Аверс

5 ДЕНАРИ во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;

2022 во долното централно поле.

Претстава на планински рис (Felis Lyinx).

Аверс
Реверс

Издание 2008

Дијаметар: 24,5 мм Тежина: 6,6 г

Метал: Cu70Ni12Zn18

Аверс

10 ДЕНАРИ во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;

2008 во долното централно поле.

Гравиран Паун - мозаик од Стоби - VI век, детал кој е земен од книжните пари од 10 денари.

Аверс

Издание 2008

Дијаметар: 26,5 мм Тежина: 7,7 г

Метал: Cu62Ni18Zn20

Аверс

50 ДЕНАРИ во долното централно поле

Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.

Реверс

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;

2008 во долното централно поле.

Гравиран лик на Архангел Гаврил - фреска од црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново - XII век, детал кој е земен од книжните пари од 50 денари.

Аверс