Регулативата за платните системи вклучува законска и подзаконска регулатива. Во делот на законската регулатива основен закон е Законот за Народна банка на Република Македонија во кој се уредени задачите и овластувањата на Народната банка во делот на платните системи и истиот има предимство пред сите други закони. Дополнително, Народната банка има овластувања во делот на надзорот и регулирањето на платните системи и платниот промет коишто произлегуваат од Законот за платниот промет. Пошироко, улогата на Народната банка во платниот промет е поврзана и со одредби од други закони како што се Законот за извршување, Законот за меница, Законот за чек и Законот за задолжница.


Согласно законските овластувања произлезени од Законот за Народна банка Република Македонија и Законот за платниот промет, Народната банка донесува подзаконски акти (oдлуки и упатства). Народната банка во процесот на донесување на подзаконските акти спроведува консултативен процес со засегнатите страни.

Закони

Подзаконски акти коишто произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи ►►► 

Подзаконски акти поврзани со Законот за платниот промет ►►► 

Поврзани прописи