Известување
Ве известуваме дека на 18. сесија на Клубот на истражувачи што ќе се одржи на 17 септември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:
-
„Влијанието на различните видови на даноци врз нееднаквоста во Република Македонија мерена преку GINI индексот“, автори: Сашо Кожухаров, Владимир Петковски и Наташа Ристовска; и
-
„Ефектот на кредитите на претпријатијата и домаќинствата врз економскиот раст и динамиката на реалниот девизен курс: искуства од земјите на ЈИЕ“, автори: Тијана Анѓелковска, Егзона Хани и Милан Елисковски.
Ве молиме Вашето присуство на 18. сесија на Клубот на истражувачи да го потврдите најдоцна до 15 септември 2015 година на тел. +389 2 3298110; и електронска пошта [email protected].
Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачи е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.