Им посакуваме добредојде на практикантите!

Студентите кои студираат во Република Северна Македонија и во странство може да поднесат пријава за вршење практична работа од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка.

Времетраењето на практичната работа е еден месец во текот на летниот период, во јуни, јули или август. 

Образец „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија“: (преземи) 

Пријавата, пополнета и заверена со печатот на Универзитетот и потпишана од овластено лице, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“, на следнава адреса: 

Контакт:
Народна банка на Република Северна Македонија
Дирекција за управување со човечките ресурси
бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1,
1000 Скопје
Република Северна Македонија


Ви благодариме на интересот и соработката!