Меѓународна инвестициска позиција
Меѓународната инвестициска позиција (МИП) ги прикажува состојбите и структурата на надворешните финансиски средства и обврски кон нерезиденти врз основа на финансиски инструменти, на определен датум.
Нето меѓународната инвестициска позиција се дефинира како разлика помеѓу вкупните меѓународни финансиски средства и обврски. Притоа, негативната нето меѓународна инвестициска позиција значи дека финансиските обврски ги надминуваат финансиските побарувања од нерезидентите.
Најнови остварувања:
Негативната нето меѓународна инвестициска позиција, на крајот на вториот квартал од 2023 година, изнесува 8.357 милиони евра, или 58,9% од проектираниот БДП за 2023 година. На квартална основа, негативната МИП бележи зголемување за 226 милиони евра коешто произлегува од поинтензивното зголемување на обврските во однос на зголемените средства.
Гледано по инструменти, нето-обврските врз основа на должнички инструменти бележат зголемување за 121 милион евра, додека нето-обврските врз основа на сопственички инструменти се зголемени за 105 милиони евра. Прочитај повеќе...




Архива на меѓународна инвестициска позиција
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на
[email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)