Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата интернет-страница, како и информации за обработка на личните податоци коишто ѝ се неопходни на Народната банка за остварување на законските цели, задачи и овластувања. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Контролор на збирките на лични податоци

Народната банка на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Народната банка), со седиште на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, 1000, Скопје, Република Северна Македонија е контролор на личните податоци.

Цели за обработка

Народната банка обработува лични податоци за остварување на законските цели, задачи, обврски и овластувања, за заштита на животот или здравјето на луѓето/вработените, заштита на сопственоста на институцијата, како и за исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна, или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци пред неговото пристапување кон договорот.

Чии податоци обработуваме

Народната банка обработува податоци поврзани со следниве категории субјекти:

учесници на обуки, конференции и настани и посетители на веб-страницата на Народната банка;

- лица кон кои е воспоставена кредитна изложеност и жиранти;

- кредитокорисници, жиранти, поврзани лица, депоненти, даватели на колатерал, приматели на лоро и налогодавачи на ностро дознаки, приматели на средства и дозначувачи на средства во денарски платен промет; 

- акционери, депоненти, кредитокорисници и лица со посебни права и одговорности;

- корисници на услуги од даватели на услуги на брз трансфер на пари;

- лица со штедни влогови од Банката за надворешна трговија АД Скопје; 

- лица овластени за вршење менувачки работи и услуга на брз трансфер на пари;

- лица сопственици на државни хартии од вредност;

- лица овластени за подигнување банкноти и монети за нумизматички цели и купување пригодни ковани пари, подигнување и депонирање готовина и вредносни предмети, менични бланкети и контролни маркици за алкохол и цигари, како и вршење активности поврзани со примање и издавање депоа / остави и девизи; 

- лица доносители на книжни и ковани пари коишто се несоодветни за оптек и коишто се повлечени од оптек; 

- лица кои се движат во штитениот простор на Народната банка;

- лица овластени службеници од страна на учесниците во МИПС и лица иматели на трансакциски сметки кои вршат плаќања / исплати преку системот за порамнување трансакции во реално време на бруто-основа – Македонски интербанкарски платен систем (МИПС);

- лица доверители кон државните органи или други правни лица коишто имаат сметки во Народната банка и извршители на судски решенија;

-  работници и именувани лица во Народната банка, практиканти и други лица на кои им се исплаќаат надоместоци;

- лица сторители на прекршоци;

- лица на коишто државните органи им исплаќаат девизни средства во странство;

- лица корисници на телефонски локали преку кои се склучуваат и се порамнуваат трансакции на финансиските пазари;

- лица кои склучиле договор за кредит со нерезиденти / резиденти и вложиле во / од странство; 

- физички лица подносители на претставки и поплаки;

лица укажувачи и лица за кои има сомневање или сознание дека извршиле, вршат или ќе извршат казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, и тоа:

- преку Вашето користење на нашата веб-страница, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;

- преку нашата е-адреса: [email protected];

- преку пошта;

- од други контролори преку интернет или приватна електронско-комуникациска врска,

- преку видео надзор.

Категории на корисници на личните податоци и пренос во трети земји

Активностите на обработка на личните податоци се извршуваат од страна на овластени работници во Народната банка.

Не споделуваме Ваши податоци со трети лица, освен во следниве случаи:

- во случај на ангажирање даватели на услуги ‒ обработувачи на лични податоци, коишто се обврзани да постапуваат според упатствата на Народната банка и да обезбедат соодветна заштита на личните податоци при обезбедувањето на тие услуги;

- по барање на суд, МВР или други органи и тела за вршење на нивните надлежности, доколку постои законска основа;

Народната банка не врши пренос на личните податоци на субјектите во  трети земји, освен за физички лица на коишто државните органи им исплаќаат девизни средства во странство.

Време на чување на собраните податоци

Податоците коишто ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработка, освен доколку околностите налагаат подолго задржување (пр. да се истражи вирус или злонамерен напад преку користење на веб-страницата на Народната банка, да се истражи нарушување на физичката безбедност на Народната банка, како и други случаи за кои согласно законот е потребно да се обезбеди доказен материјал).

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на личните податоци се:

- правото да бидете информирани за обработката на личните податоци;

- правото на пристап до личните податоци;

- правото на исправка и бришење на личните податоци;

- правото на ограничување на обработката на личните податоци;

- правото на приговор.

За остварување на правото за пристап, исправка, бришење или ограничување на обработката, може да поднесете барање лично, или преку полномошник. Образецот за барањето и полномоштвото може да го преземете од следниве врски:

Барање (преземи образец) 

Полномошно (преземи образец) 

Доколку имате дадено согласност на Народната банка за обработка на вашите лични податоци, имате право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да контактирате со нашите офицери за заштита на личните податоци.

Право на поднесување барање до АЗЛП 

Доколку сметате дека начинот на кој Народната банка ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело.

Промена на Политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и ќе се дополнува соодветно на настанатите промени.