Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
Конференција на високо ниво
НОВА НОРМАЛА?
ГЛОБАЛНА ЕКОНОМСКА ЕКСПАНЗИЈА, ДИНАМИКА НА ИНФЛАЦИЈАТА, ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ И ЗНАЧЕЊЕТО ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ВО МЕЃУНАРОДНИ РАМКИ
Народната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс од Париз, Франција (The Reinventing Bretton Woods Committee - RBWC) организира меѓународна конференција на којашто фокусот на учесниците ќе се насочи кон најновите трендови и предизвици во врска со монетарната политика, финансиската стабилност и управувањето со финансиските средства во целина.
Конференцијата ќе се одржи на 16 февруари 2018 година во Мериот хотел, Скопје, Република Македонија.
Целта на Конференцијата е да се оценат тековната состојба и идните изгледи на глобалната економија, и во тој контекст, да се открие со кои предизвици се соочуваат централните банки при остварувањето на нивните цели за одржување на ценовната и на финансиската стабилност. Вниманието на Конференцијата ќе се насочи кон посткризните движења на финансиските пазари во развиените и во економиите во развој, отпорноста на финансискиот систем и промените во регулативата од страна на централните банки. Дискусиите во текот на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговор на тоа како реагираа и се позиционираа раководителите на финансиски средства во услови на спротивна поставеност на монетарните политики на глобалните централни банки и како се подготвуваат овој тип инвеститори за постепено усогласување на монетарните политики. Исто така, на Конференцијата се предвидуваат и дискусии околу идната интеграција на земјите од Југоисточна Европа, со осврт на досегашните постигнувања и идните предизвици пред овие економии.
Конференцијата е наменета за претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции, глобалните банки и домашните финансиски и инвестициски институции. На конференцијата се очекува присуство на високи претставници на релевантни меѓународни финансиски институции, академскиот свет и глобалните банки, како и гувернери на централните банки, што ќе овозможи плодотворни дискусии и размена на искуства на сите учесници.
Програма на конференцијата
|
8:30
|
Регистрација и кафе
|
9:00
|
Поздравен говор:
г. Димитар Богов, Гувернер, НБРМ
г. Marc Uzan, директор, RBWC
|
9:20
|
Почесен говор: г. Benoît Cœuré, член на Извршниот Одбор, ECB
|
10:00
|
СЕСИЈА 1: ГЛОБАЛНА ЕКОНОМСКА ЕКСПАНЗИЈА, ИНФЛАЦИЈА И ДИНАМИКА КАЈ ПРОДУКТИВНОСТА И ПРОМЕНИ ВО ПОСТАВЕНОСТА НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА
- Дали е оддржлив моментумот на економски раст?
- Европа, САД, Брегзит, геополитички и политички ризици – какви се нивните ефекти врз изгледите на светската економија?
- Колку беа ефикасни нестандардните монетарни политики?
- Какви ќе бидат каматните стапки во наредниот период? Бавно зголемување на стапките до нормални нивоа, но кое е тоа „нормално“ ниво?
- Ефекти врз финансиските пазари од нормализирањето на монетарните услови: движења кон поголема стабилност или зголемување на променливоста?
- Улогата на комуникацијата на централните банки – влијание врз очекувањата на инвеститорите и реакции на пазарните учесници?
Панелисти: г. Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) (презентација PDF) г. Џонатан Пингл, извршен директор, раководител на економскиот оддел за глобални инвестиции со фиксен принос (БлекРок) (презентација PDF)
Модератор: г-а Линда Јуех, соработник за економија во „Сент Едмунд хол“, Универзитет Оксфорд, вонреден професор по економија во Лондонската школа за бизнис
|
11:00
|
Кафе пауза
|
11:30
|
СЕСИЈА 2: ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ: ДАЛИ СМЕ ДОБРО ПОДГОТВЕНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОТЕНЦИЈАЛНИ ТУРБУЛЕНТНИ ДВИЖЕЊА?
- Во светски рамки, долгот е на рекордно високо ниво. Присуството на ниска пазарна променливост и ниски стапки на приносите посочуваат на потенцијални ризици.
- Дали високата задолженост може да стане значителна пречка за побарувачката при нормализирање на каматните стапки?
- Дали глобалниот финансиски систем е добро подготвен за справување со какви било финансиски турбуленции во контекст на претстојната нормализација на монетарната политика?
- Дали носителите на политиките треба да се грижат од нов Мински момент?
- Кои се најсоодветните инструменти за одржување на финансиската стабилност и за постигнување на целите на макропрудентната политика, вклучувајќи ги конвенционалните, неконвенционалните и макропрудентните инструменти?
Панелисти: г. Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) (презентација PDF) г. Мар Гудмундсон, гувернер на Централната банка на Исланд (презентација PDF) г. Петер Муслехнер, извршен директор и член на Советот на Австриската народна банка (ОеНБ) (презентација PDF)
Модератор: г-а Маја Кадиевска Војновиќ, Вицегувернер, НБРМ
|
13:00
|
Ручек
|
14:30
|
СЕСИЈА 3: СТРАТЕГИИ ЗА ЕФЕКТИВНО НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ: СОГЛЕДУВАЊА НА ЦЕНТРАЛНИ БАНКИ И МЕНАЏЕРИ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
- Од дивергентни кон усогласени монетарни политики – како треба да се подготват раководителите на финансиски средства кон „новата нормала“ кај глобалните монетарни политики?
- Кои се соодветните стратегии за распределба на средствата: искуства од минатото и идна поставеност?
- Балансирање помеѓу пазарните и кредитните ризици?
- Подобрување на валутната структура на девизните резерви: заштитен наспроти незаштитен пристап на инвестирање во валути?
- Диверзификација кон алтернативни класи на средства за инвестирање: искуства со инвестирање во акции?
Панелисти: г-а Изабел Штрос Кан, главен финансиски соработник во Светската банка, поранешен директор во Банката на Франција (презентација PDF) г. Масимилиано Кастели, главен директор во УБС за управување со финансиски средства (презентација PDF) г. Томас Гарбаравичиус, член на Советот на Банката на Литванија (презентација PDF) г. Мојмир Хампл, вицегувернер на Чешката народна банка (презентација PDF)
Модератор: г-а Џенифер Џонсон Калари, директор на „Џеј-џеј-си адвајзори“, основач и поранешен директор на РАМП, Светска банка
|
16:00
|
Кафе пауза
|
16:20
|
СЕСИЈА 4: ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА: КОЈ Е ТЕКОВНИОТ ПАТ КОН ИНТЕГРАЦИЈА И РАСТ?
- Како да се пренасочи дискусијата во ЕУ од управувањето со кризи кон проширување?
- Како земјите во регионот може да добијат реална идеја за нивниот пат кон европска интеграција?
- Кои политики може да ја олеснат интеграцијата на регионот во рамки на европската и глобалната структура?
- Како да се подобрат економските изгледи во регионот преку зголемување на трговијата и инвестициите? Дали има можности во здружување на силите за освојување на трети пазари?
Панелисти: г. Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија (презентација PDF) г. Владислав Горанов, министер за финансии, Република Бугарија г. Карло Монтичели, вицегувернер, Банка за развој при Советот на Европа (презентација PDF) г-а Шарлот Рух, директор за земјите од ЦЕСЕЕ при Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) (презентација PDF) г-а Дебора Револтела, директор на Дирекцијата за економски прашања во Европската инвестициска банка (ЕИБ)
Модератор: г-а Анита Ангеловска Бежоска, Вицегувернер, НБРМ
|