Противцикличен заштитен слој на капиталот

Противцикличниот заштитен слој на капиталот може да изнесува до 2,5% од активата пондерирана според ризиците, но и повеќе во зависност од други системски фактори/показатели и има за цел да ги ограничи ризиците поврзани со кредитниот раст. Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот може да биде различна за изложеностите во Република Северна Македонија и за изложеностите во друга земја. Народната банка е надлежна за утврдување на висината на двата вида стапки, при што стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите во Република Северна Македонија се утврдува врз основа на методологија пропишана од Народната банка, додека за друга земја, ја има предвид стапката определена од надлежниот орган во другата земја.

Tабела за висината на стапките на противцикличниот заштитен слој на капиталот 

Одлука за висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Северна Македонија и за изложености кон други земји  

Образложение на Одлуката 

Одлука за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот 


Заштитен слој на капиталот за системски значајни банки

Во согласност со Законот за банките и регулативата на Народната банка за методологијата за идентификување системски значајни банки, Народната банка еднаш годишно врши пресметки за целите на идентификување на системски значајните банки во Република Северна Македонија и за утврдување на заштитниот слој на капиталот за системски значајните банки. Методологијата којашто се користи при овој процес се заснова врз квантитативниот и квалитативниот пристап.

При квантитативниот пристап Народната банка ги зема предвид задолжителните показатели за оценувањето дадени во Упатствата на EБA (European Banking Authority), коишто се илустрирани во табелата подолу.

Критериуми на системска значајност и квантитативни показатели

Критериум на системска значајност
Пондер на значајност
Показател
Пондер на показателот во вкупната пресметка
Големина
25%
Билансни и вонбилансни активности
25%
Заменливост
25%
Кредитна изложеност кон нефинансиски лица
6,25%
Депозити на нефинансиските лица
6,25%
Кредитна изложеност кон 20-те најголеми должници −нефинансиски лица на ниво на банкарскиот систем
6,25%
Интрабанкарски платен промет
6,25%
Поврзаност
25%
Промет на меѓубанкарскиот пазар
8,33%
Промет на девизниот пазар
8,33%
Платен промет преку платните системи
8,33%
Сложеност
25%
Пласмани во и обврски кон странските финансиски институции
12,5%
Платен промет со странство
12,5%

Заштитниот слој на капиталот за системски значајни банки може да се движи од 1% до 3,5% од активата пондерирана според ризиците и којшто треба да го издвојуваат банките коишто ќе бидат идентификувани како системски значајни банки.


Листа на идентификувани системски значајни банки - врз основа на податоците заклучно со 31.12.2023 година 

Листа на идентификувани системски значајни банки ‒ врз основа на податоците заклучно со 31.12.2022 година 

Листа на идентификувани системски значајни банки ‒ врз основа на податоците заклучно со 31.12.2021 година 

Листа на идентификувани системски значајни банки ‒ врз основа на податоците заклучно со 31.12.2020 година 

Листа на идентификувани системски значајни банки ‒ врз основа на податоците заклучно со 31.12.2019 година 

Листа на идентификувани системски значајни банки ‒ врз основа на податоците заклучно со 31.12.2018 година 

Листа на идентификувани системски значајни банки ‒ врз основа на податоците заклучно со 31.12.2017 година 

Листа на идентификувани системски значајни банки ‒ врз основа на податоците заклучно со 31.12.2016 година