Статистичките податоци коишто се објавени на интернет-страницата на Народната банка може бесплатно да се користат од страна на сите корисници. При користењето на податоците, треба да се наведе изворот на податоците. Доколку податоците се изменети од страна на корисникот, ова мора да биде јасно наведено. Исто така, доколку податоците на НБРСМ се продаваат од страна на корисниците, тие мора да информираат дека податоците се достапни бесплатно на страницата на НБРСМ.

Корисниците може да пристапат до податоците во базата НБСтат и преку АПИ (Application Programing Interface), при што не е дозволено користење штетно кодирање. Апликации развиени од страна на корисникот не смеат да бидат прикажани како „официјална соработка“ со Народната банка.