Информации за потрошувачите
Во овој дел се презентирани корисни информации и податоци за потрошувачите / клиентите на банките и штедилниците. Информираноста е основа за носење правилна одлука во врска со производите и услугите што ги нудат или ги обезбедуваат финансиските институции. Воедно, со подобра финансиска едукација и подобра информираност на клиентите се овозможува нивна поголема инклузија во финансиските текови и користење на предностите од различните производи и услуги. Важен аспект за финансиска инклузија на клиентите е и нивната информираност и свесност во однос на правата при користење одделни финансиски производи и услуги.
Народната банка, заедно со банките и штедилниците, постојано работи на подобрување на информираноста и знаењата на клиентите, што е во интерес на одржувањето на финансиската стабилност и општествената благосостојба.