Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
    • Гувернер
    • Корпоративно управување
    • Комитет за ревизија
      • 2022
      • 2021
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Комитет за оперативна монетарна политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
      • Задолжителна резерва
      • Расположливи депозити
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Извештаи за финансиската стабилност
    • Индикатори за финансиската стабилност
    • Анкети
    • Заштитни слоеви на капиталот
    • Порта за иновации
    • Закон за финансиска стабилност
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Макропрудентни инструменти
    • Извештаи, показатели, презентации и обрасци
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анализи и презентации
      • Обрасци
      • Алатки
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Банкарски систем на РСМ
    • Организациона структура на супервизијата
    • Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Порта за иновации
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Месечни информации
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
      • Одлуки од областа за користење информации
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
    • Супервизорски циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување

На 12.8.2014 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во банкарскиот систем, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели

На 12.8.2014 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во банкарскиот систем, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика. 

Оцената на економските и финансиските услови покажа дека постојната монетарна поставеност е соодветна и беше одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари), со непроменета каматна стапка од 3,25%. Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива во отсуство на ценовни притисоци. Ваквите движења упатуваат на постоење соодветен амбиент за одржливо закрепнување на приватниот сектор, при што беше оценето дека досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна. Излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените во надворешната позиција на економијата и ефектите врз девизните резерви. 

На седницата на Комитетот беа разгледани и последните макроекономски показатели, коишто не укажаа на поголеми промени во амбиентот за водење на монетарната политика. Најновите показатели за економската активност укажуваат на задржување на поволните трендови и можност за остварување солидна стапка на економски раст и во второто тримесечје од годината. Поволни поместувања се забележуваат кај повеќето клучни сектори, така што засега не се очекува поголемо отстапување на динамиката на растот од предвидената во априлските проекции. И понатаму се оценува дека динамиката и структурата на економскиот раст нема да предизвикаат поголеми нерамнотежи во економијата во форма на инфлациски притисоци и позначајно влошување на надворешната позиција. 

Најновите податоци за инфлацијата во јули 2014 година покажуваат умерен месечен раст, во голема мерка заради факторите со еднократен ефект (раст на цените на електричната енергија и на цените на цигарите, поради зголемувањето на акцизата). Овие движења, заедно со стабилизирањето на споредбената основа, придонесоа за мал годишен раст на цените од 0,3%, по тримесечното постојано намалување. Иако годишната инфлација во јули е нешто пониска во однос на очекуваната во априлската проекција, сепак дојде до стеснување на јазот помеѓу остварената и проектираната годишна инфлација. Најновите очекувања за увозните цени укажуваат на помали притисоци врз инфлацијата од очекуваните. Пониските појдовни услови и ревизиите на влезните надворешни претпоставки упатуваат на надолни ризици околу проекцијата на инфлацијата за 2014 година. Од друга страна, присутни се и нагорни ризици околу цените на енергијата и храната (поврзани со геополитичките тензии во Ирак, руско - украинскиот конфликт, како и евентуалните ефекти од поплавите во регионот). Оценуваме дека во билансот на ризици околу проектираното движење на цените, надолните ризици и понатаму доминираат, иако се помалку нагласени отколку во претходниот период. 

Податоците за кредитниот пазар за јуни 2014 година покажуваат задржување на солидниот раст на кредитите одобрени на приватниот сектор. Кредитните текови се нешто подобри од очекуваното во рамки на последните проекции, додека динамиката на раст на депозитната база е умерена и нешто послаба од очекувањата. Овие констатации се задржуваат и со прелиминарните монетарни податоци за јули, коишто сепак укажуваат на одредено забавување на месечниот раст на кредитите во однос на претходните два месеца. Во рамки на Анкетата за кредитната активност, спроведена во јули, банките имаат поволни очекувања за третото тримесечје, оценувајќи зголемување и на понудата и на побарувачката на кредити. Движењата на кредитниот пазар даваат сигнал за постабилни очекувања и преносни ефекти на досегашното монетарно олабавување врз кредитната активност. Сепак, во услови на неизвесен амбиент, и натаму се присутни надолните ризици околу кредитирањето на приватниот сектор, иако со последните остварувања, се помалку нагласени. 

Ликвидноста на банките во јули се зголеми, под влијание на автономните фактори и намалениот интерес на банките за краткорочните депозити кај Народната банка. За надминување на ликвидносните флуктуации во рамки на периодот на задолжителна резерва, банките активно тргуваа на пазарите на пари, при што прометот на пазарот на необезбедени депозити достигна историски највисока вредност, а тргување имаше и на секундарниот пазар на хартии од вредност. На девизниот пазар, во услови на сезонски повисока понуда од побарувачка на девизи, Народната банка интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи. 

На почетокот од третото тримесечје во 2014 година девизните резерви забележаа раст, во најголем дел како ефект од надворешното задолжување на државата на меѓународниот пазар на капитал, како и повлекувањето средства од Светската банка врз основа на Заемот за развојни политики за конкурентност. Воедно, и доколку се исклучи ефектот од задолжувањето на државата, девизните резерви бележат умерен раст при поволни движења на девизниот пазар и интервенции на НБРМ со откуп на девизи. Промените на резерви се во рамки на проекциите, а показателите на адекватност на девизните резерви и понатаму укажуваат на доволно ниво на девизни резерви за справување со евентуални непредвидени шокови. 

На глобален план, макроекономските индикатори упатуваат на тоа дека американската економија е на одржлив пат за економско закрепнување. Од друга страна, закрепнувањето на евро-зоната се одвива со забавена динамика, а ниската инфлација во јули повторно ја поттикнува дебатата во врска со дефлациските ризици. 

Општо земено, најновите оцени на НБРМ не упатуваат на големи промени во амбиентот за спроведување на монетарната политика. Се очекува показателите за адекватност на девизните резерви и натаму да останат во сигурна зона. Воедно, со оглед на задолжувањето на државата на меѓународниот пазар на капитал, што не беше вградено во рамки на последните проекции, показателите за адекватност за 2014 година ќе бидат и подобри од очекуваните. Отсуствуваат ценовните притисоци, економскиот раст е солиден, додека движењата на кредитниот пазар укажуваат на можност за постепено слабеење на надолните ризици поврзани со динамиката на кредитната активност. При вакви поволни економски услови, НБРМ во следниот период главно ќе биде насочена на следење на остварувањето на проектираната патека на девизните резерви и случувањата на девизниот пазар и ќе ја приспособува монетарната политика соодветно на тоа. 

Како и досега, ризиците за основното макроекономско сценарио главно се од надворешна природа и се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и растот на светските цени на енергијата и храната. Како фактор на ризик остануваат ефектите од случувањата поврзани со конфликтот во Украина, поплавите во регионот, како и случувањата во Ирак. Ризиците од овие случувања може да се остварат преку нестабилност и тешка предвидливост на цените на енергентите и на житните производи, а воедно може да влијаат и врз очекуваното економско закрепнување. 

НБРМ ќе продолжи внимателно да ги следи идните макроекономски движења и евентуалното остварување на ризиците и соодветно на тоа, ќе ја приспособува монетарната политика. 

Кабинет на гувернерот

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Соопштенија за печат 2014
  • Совет на Народната банка
  • Гувернер
  • Корпоративно управување
  • Комитет за ревизија
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА


КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

5,75%

Расположлив кредит преку ноќ
6,25%
Расположлив депозит преку ноќ

3,65%


Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски во:
Домашна валута
5%
Домашна валута со валутна клаузула
50%
Странска валута
19%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

4,75%

 

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

1,56% 

СКИБОР
Имот на банките и штедилниците наменет за продажба
Информации од јавен карактер

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | [email protected] (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • информации за потрошувачите
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад
  • имот на банките и штедилниците наменет за продажба