Скопје, 29.03.2001 година
Соопштение на НБРМ
Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-дин Љубе Трпески, денеска го прими извршниот директор во Светската банка, г-дин Питер Стек. На средбата г-динот Стек беше запознат со монетарните и финансиските движења во Република Македонија, во светлина на новонастанатата безбедносна ситуација врзана со најновите настани во северозападниот дел на Република Македонија. Притоа, му беа изнесени податоци за мерките и инструментите што ги превзема Народна банка на Република Македонија за одржување на макроекономската стабилност во Република Македонија. Исто така, г-дин Стек беше информиран за имплементацијата на договорените реформи во врска со ФЕСАЛ ИИ аранжманот со Светската банка, кои се во доменот на Народна банка на Република Македонија.
Г-дин Стек од своја страна истакна дека Светската банка посебно го цени фактот што Владата на Република Македонија и Народна банка на Република Македонија успешно се справуваат со ситуации како што беше таа за време на косовската криза и каква што е сега и недозволуваат да се наруши макроекономската стабилност на Република Македонија. Притоа, тој ја изрази поддршката што Светската банка ќе ја дава на Република Македонија на тој план.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}