Состанокот на гувернерите на централните банки на земјите наследнички на поранешна СФРЈ во Скопје
Скопје, 25.10.1999 година
ОД СОСТАНОКОТ НА ГУВЕРНЕРИТЕ НА ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ НА ЗЕМЈИТЕ НАСЛЕДНИЧКИ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ВО СКОПЈЕ
Во периодот од 24 до 25 октомври, 1999 година, гувернерот Љубе Трпески беше домаќин на гувернерите на централните банки на Босна и Хецеговина, Словенија, Хрватска и СР Југославија. На состаноците се дискутираа повеќе прашања од заеднички интерес, при што особено внимание беше посветено на односите што ги имаат централните банки со меѓународните финансиски институции. Во таа смисла, гувернерите на сите пет централни банки ја изразија својата спремност и понатаму да бидат движечка сила во своите земји, наследнички на поранешна СФРЈ, за понатамошни акции за разрешување на процесот на сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ. Притоа, со разрешување на прашањето на имотот на поранешна Народна банка на Југославија на СФРЈ во Базел, централните банки би биле предводници на тој процес. Во тој контекст, гувернерите со задоволство констатираа дека централните банки на Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Република Македонија склучија договор за поволни краткорочни позајмици со Банката за меѓународни порамнувања (БИС) од Базел, кои ќе се обновуваат секои шест месеци, се до конечното разрешување на прашањето на имотот на поранешна Народна банка на Југославија на СФРЈ во БИС. Во таа смисла, беше охрабрена Народна банка на Југославија да ја следи истата постапка, што би било во прилог на конечното разрешување на прашањето на поделбата на имотот на поранешна НБЈ на СФРЈ во БИС. Следната средба на гувернерите ќе биде во ноември во Базел, за време на вонредното Собрание на Бордот на гувернерите на Банката за меѓународни порамнувања од Базел.
Воедно, гувернерите разменија мислење и за платниот промет помеѓу овие земји, како и за надминување на проблемите со кои економските субјекти се среќаваат во секојдневното работење.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}