Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста за следното:
Скопје, 23.12.2003 година
Соопштение на НБРМ
Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста за следното:
На 22.12.2003 година на сметка на Народна банка на Република Македонија се префрлени 17 милиони евра - подарок од Кралството Холандија за платно-билансна поддршка на Република Македонија;
Добиено е известување од Меѓународниот Монетарен Фонд дека постапката за префрлање на средствата од втората транша на Stand by аранжманот во износ од 5,9 милиони САД долари на сметка на Народна банка на Република Македонија е отпочната и се очекува во текот на наредните денови средствата да бидат префрлени на сметка на Народна банка.
Добиено е писмо од Светската банка дека се исполнети сите услови за ослободување на средствата од третата, последна транша од ФЕСАЛ 2 аранжманот. Средствата во износ од 21 милиони САД долари (12 милиони САД долари од Меѓународната банка за обнова и развој - IBRD и 9 милиони САД долари од Меѓународната Асоцијација за развој - IDA) ќе бидат префрлени на сметка на Народна банка на Република Македонија во јануари 2004 година.
Добиено е писмо од Европската Комисија дека денес ќе префрли 18 милиони евра - заем од четвртата транша од 26 милиони евра макрофинансиската помош на Европската Комисија за Република Македонија
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}