Скопје, 01.10.2004 година
Соопштение на НБРМ
Проектот за пренос на средствата на вонбуџетските, односно јавните фондови (Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Завод за вработување, Фонд за здравствено осигурување и Фонд за патишта) од деловните банки на трезорската сметка која се води во Народна банка на Република Македонија, се остварува во тесна соработа помеѓу Министерството за финансии, Народна банка на Република Македонија и деловните банки кај кои беа депонирани финансиските средства на јавните фондови.
Спроведувањето на овој проект е во функција на дизајнирање на поефикасен систем на јавни финансии и кореспондира со препораките на меѓународните финансики институции. Преносот на средствата од деловните банки на трезорската сметка кај Народна банка на Република Македонија ќе овозможи поефикасно управување со финансиските средства на јавните фондови, а во исто време и поефикасно управување со ликвидноста на банкарскиот систем.
Се предвидува имплементацијата на проектот да заврши до крајот на 2004 година. Притоа, проектот се спроведува транспарентно и етапно, со однапред утврдена динамика, поради што не се очекуваат неповолни ефекти врз ликвидноста на банките кај кои досега беа депонирани финансиските средства на јавните фондови.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}