Соопштение на НБРМ, 7.11.2013

Скопје, 7.11.2013 година

Соопштение на НБРМ

Двајца вработени во Народната банка се добитници на меѓународни награди за најдобар истражувачки труд.

Народната банка на Република Македонија со задоволство ја известува јавноста дека двајца вработени од Народната банка се добитници на годинешната награда „Олга Раѕинер 2013“ на Австриската национална банка, за најдобро истражување од млади истражувачи во областа на европските интеграции, од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Добитници на наградата се: Билјана Јовановиќ и Бранимир Јовановиќ за трудот „Does Ease of Doing Business Matter for Investment in Eastern European Countries?“

Кабинет на гувернерот