Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата прва седница во 2014 година на која беше разгледан најновиот Квартален извештај.
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата прва седница во 2014 година на која беше разгледан најновиот Квартален извештај.
Во текот на последниот квартал од годината монетарните услови беа непроменети, така што максималната каматна стапка на аукциите на благајнички записи с? уште е на нивото од 3,25%.
Инфлациските притисоци и натаму се намалуваат, а во последните месеци и со малку поголем интензитет од очекуваниот. Освен кај вкупната инфлација, забавување беше забележано и кај базичната инфлација, што беше во согласност со проектираните движења. Растот на потрошувачките цени во четвртиот квартал се сведе на нивото од 1,3%, на годишна основа. Со тоа, просечната годишна инфлација за 2013 година изнесува 2,8% и во целост се совпаѓа со проекциите.
Клучните макроекономски параметри во домашната економија главно се совпаѓаат со проекциите од октомврискиот циклус. И покрај тоа што закрепнувањето на странската побарувачка се одвива бавно и во првите три квартали од годината, домашната економија повторно имаше солиден раст (3,3% годишна стапка на раст во третиот квартал) заснован врз специфичните фактори, како што се влезот на новите странски инвестиции и фискалниот импулс. Досегашните остварувања во реалната економија и најновите расположливи податоци упатуваат на натамошен солиден економски раст, на годишно ниво, и на остварување на проектираниот раст на БДП од 3,3% за целата 2013 година. За следниот период (2014 и 2015 година), според октомвриската проекција, се предвидува натамошен раст на економијата, но со забрзано темпо, со очекувана стапка на раст на БДП од 3,7% и 4,4%, соодветно.
Во четвртиот квартал, кредитната активност значително забрза, при солиден раст на депозитниот потенцијал на банките, што особено беше изразено во последниот месец од кварталот. Воедно, забележана е и промена во структурата на кредитирањето, во полза на кредитите насочени кон корпоративниот сектор. Овие поволни остварувања претставуваат индикација за можно стабилизирање на согледувањата на банките за ризиците од пласманите во овој сектор, што делумно може да произлегува и од досегашното монетарно олабавување.
Во рамки на надворешниот сектор, поволните остварувања придонесоа за помал пад на девизните резерви во однос на проектираниот, така што показателите за адекватноста на девизните резерви и натаму се поволни, укажувајќи на комфорно ниво за апсорбирање на потенцијалните непредвидени шокови.
Општо земено, последните остварувања укажуваат на слична макроекономска слика како и во октомвриските проекции, при платнобилансна позиција којашто обезбедува раст и одржување на девизните резерви на адекватно ниво. Ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио и натаму клучно се од надворешна природа, а се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и со движењата на цените на примарните производи на светските берзи.
На седницата беше усвоена и Одлуката за општите услови за отворање сметки во Народната банка на Република Македонија со која се врши усогласување на постапката за отворање и затворање сметки согласно со измените на Законот за трговските друштва и Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.
Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}