Народната банка започна да го спроведува проектот насловен како Поддршка на подготовката и спроведувањето на методологијата на Народната банка на Република Македонија за проценка на потребниот интерен капитал на банките.

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Механизмот за подготовка на проекти во рамките на Националната програма за 2009 година од Инструментот за претпристапна помош во износ од околу 110 000 евра.
Народната банка како одговорна институција за супервизија на банките има за цел постојано да ја унапредува банкарската регулатива, имајќи ги предвид и новите Базелски принципи за ефикасна банкарска супервизија. Оттука, Проектот има за цел да го унапреди Процесот на утврдување на интерниот капитал на банките (ICAAP), во рамките на супервизијата во согласност со домашната регулатива, како и во согласност со Новата капитална спогодба Базел II.
Проектот ќе се спроведува преку договор за услуги и ќе трае седум месеци.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}