Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата трета седница
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата трета седница.
Советот на денешната седница ја донесе Одлуката за проверка на автентичноста и соодветноста, условите и начинот на враќање на книжните и кованите пари во оптек. Донесувањето на оваа одлука претпоставува пропишување, воспоставување и унифицирање на стандардите и критериумите за квалитет на парите во оптек, одредување на начинот на проверка на нивната автентичност, како и пропишување универзални критериуми за класификација на соодветни и несоодветни пари за оптек при нивната машинска и рачна обработка. Одлуката воедно претставува и дел од Проектот за усогласување, приближување и хармонизирање на националното со европското законодавство и постепено воведување на европските критериуми и стандарди за квалитет за обработка на парите.
На денешната седница беше ревидирана и подзаконската регулатива во однос на поставеноста на пазарот на странски платежни средства, поточно во рамки на Одлуката за начинот и условите за купување и продавање странски платежни средства се дефинираат основните карактеристики на купопродажбата на странски платежни средства и подетаљно се регулираат аспектите на меѓубанкарскиот девизен пазар и интервенциите на Народната банка на девизниот пазар. Воедно, со цел да се опфатат банките коишто го сочинуваат јадрото на девизниот пазар, поставени се условите за избор на банка-поддржувач. Исто така, за разлика од тековната регулатива којашто предвидуваше тргувањето на девизниот пазар да се врши само со десет валути, со новата одлука се овозможува склучување трансакции со странски платежни средства коишто гласат во валути од Курсната листа на Народната банка, којашто е проширена со додавање на сите валути објавени од страна на Европската централна банка. Имајќи ја предвид стратешката определба на Република Македонија за приклучување кон Европската Унија, Советот донесе и нова Одлука за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Македонија со која се проширува опфатот на валутите за коишто ќе се објавува курсот на денарот, со додавање нови валути чиишто курсеви се објавени од страна на Европската централна банка.
На денешната седница Советот ја усвои и Одлуката за издавање кована пара за колекционерски цели „Кирил и Методиј“, како и Одлуката за издавање кована пара за колекционерски цели „Лав“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Кирил и Методиј“ ќе бидат во апоени од 100 денари и 1000 денари, додека кованата пара „Лав“ ќе биде во апоен од 10 денари. Со оглед на високиот квалитет што го поседуваат, издавањето на кованите пари за колекционерски цели ќе придонесе за подобро претставување на земјата на домашен и на меѓународен план.
Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}