Во врска со написите од некои медиуми во кои несоодветно се толкува Објавата на Народната банка на Република Македонија од 20 јуни 2013 година за укинувањето на дозволите за основање и работење на „Штедилница Младинец“ ДОО Скопје и „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје, го даваме следново појаснување:

Со измените на Законот за банките од февруари 2013 година, на штедилниците основани во Република Македонија им е дадена можност да се преобразат во финансиско друштво. Преобразбата значи реорганизирање на штедилницата во финансиско друштво без да се спроведе постапка на ликвидација. Министерството за финансии ја издава дозволата за основање и работење на финансиско друштво. Врз основа на барањата поднесени од „Штедилница Младинец“ ДОО Скопје и „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје, Народната банка на Република Македонија им издаде претходна согласност за нивна преобразба во финансиски друштва. Откако Министерството за финансии им издаде на штедилниците дозвола за основање и работење како финансиски друштва, Народната банка на Република Македонија, согласно со законски пропишаната постапка за преобразба на штедилниците во финансиски друштва, им ги одзеде дозволите за работа на двете штедилници. Штедилниците ќе продолжат да работат како финансиски друштва според дозволите издадени од Министерството за финансии.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}