Врз основа на член 58 став 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/13), гувернерот на Народната банка на Република Македонија, донесе
1. Дозволата за основање и работење на „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје издадена со Решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 02-14/309-93 од 18 октомври 1993 година, се одзема.
2. Се задолжува „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје, до Народната банка на Република Македонија да достави примерок од решението за нејзино бришење од трговскиот регистар во рок од 5 дена од донесувањето на решението за бришење.
Со Решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 02-14/309-93 од 18 октомври 1993 година е издадена дозвола за основање и работење на „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје.
Со Решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 17227 од 14 мај 2013 година е издадена согласност за преобразба на „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје во финансиско друштво без да се спроведе постапка на ликвидација. За издадената согласност Народната банка на Република Македонија до Министерството на финансии достави известување со примерок од Решението.
Министерството за финансии на Република Македонија ја извести Народната банка на Република Македонија дека на 13 јуни 2013 година донесло Решение бр. 11-17255/3, со кое се издава дозвола за основање и работа на Финансиско друштво „Баваг“ ДООЕЛ Скопје. Кон известувањето е доставен примерок од Решението.
Во член 58 став 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/13) е определено дека по добивањето на известувањето од Министерството за финансии за издадена дозвола за основање и работење на финансиско друштво, гувернерот донесува решение за одземање на дозволата за основање и работење на штедилница.
Имајќи го предвид наведеното се оцени дека се исполнети условите од член 58 став 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за банките, поради што се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Незадоволната страна може да поднесе
тужба до Управниот суд, во рок од 30 дена
од денот на приемот на ова решение.