Заврши втората фаза од Проектот за анализа на потребите на Народната банка на Република Македонија за пристапување во Европскиот систем на централни банки и Евросистемот, финансиран од Инструментот за претпристапна помош од Европската Унија, којшто започна да се спроведува на 15 октомври 2012 година.
Заврши втората фаза од Проектот за анализа на потребите на Народната банка на Република Македонија за пристапување во Европскиот систем на централни банки и Евросистемот, финансиран од Инструментот за претпристапна помош од Европската Унија, којшто започна да се спроведува на 15 октомври 2012 година.
Денес, во Скопје се одржа вториот состанок на Управниот комитет на којшто учествуваа претставници од сите страни вклучени во проектот: Европската централна банка и Евросистемот, Делегацијата на ЕУ и Народната банка на Република Македонија. Со ова, официјално заврши втората фаза од спроведувањето на проектот. Во текот на првите три месеци од годината беа остварени 16 билатерални средби помеѓу експертите од Евросистемот и од НБРМ во сите 11 области што се опфатени со проектот (економска анализа и истражување, монетарна политика и политика на девизниот курс, платни системи, статистика, човечки ресурси, информатичка технологија, внатрешна ревизија, правни услуги, сметководство, банкноти и издаваштво и библиотекарство). Во спроведувањето на втората фаза учествуваа 24 експерти од 11 национални банки од Европскиот систем на централни банки, коишто врз основа на отворена и добра соработка со експертите од НБРМ извршија анализа на тековната институционална и оперативна рамка и дадоа проценка за потребните правни и организациски промени, како и за човечките ресурси потребни за постигнување на европските стандарди во анализираните области.
Успешното завршување на оваа фаза е основа за започнување на третата и последна фаза, односно изработка на синтетички извештај од страна на ЕЦБ за проценетите потреби на НБРМ, каде што ќе бидат презентирани соодветните наоди за постојните јазови и ќе бидат дадени препораки за нивно надминување. Наодите од извештајот ќе послужат при дефинирање на идната стратегија на НБРМ во делот на приклучување кон Европскиот систем на централни банки и Евросистемот, што е во рамки на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}