Скопје, 26.9.2013 година
Расположливи депозити на седум дена
На 25 септември 2013 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 5.726 милиони денари, односно 242 милиони денари повеќе од достасаниот износ (5.484 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,50%.
Кабинет на гувернерот