На 10 декември 2014 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 18.061 милиони денари, односно 7.564 милиони денари повеќе од достасаниот износ (10.497 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,00%, освен за пласираните депозити на седум дена согласно точка 5, став 3 од Одлуката за расположливите депозити, за коишто каматната стапка изнесува 0%.