Автори: Михајло Васков; Петар Дебников; Неда Поповска - Камнар; Катерина Сулева
Оценка на ефикасноста на македонските банки - примена на пристапот на стохастичка граница
Овој истражувачки материјал содржи проценка на трошочната ефикасност на банкарскиот сектор во Македонија за периодот 2004 - 2012 година, со користење на економетриски методи. Според резултатите, просечната трошочна ефикасноста на банките опфатени во примерокот изнесува околу 84%, што претпоставува дека околу една шестина од ресурсите на банките се изгубени во процесот на давање на банкарските услуги. Нивото на ефикасност на македонскиот банкарски систем е споредливо со ефикасноста на банките во земјите од регионот, утврдени во други слични студии. Воедно, утврдено е дека статистички значајно влијание врз неефикасноста на македонските банки имаат следните фактори: претежното учество на странските акционери, котирањето на банката на берза, нето каматната маргина, показателот за учеството на нефункционалните кредити, конкуренцијата, присуството на валутната компонента во работењето, учеството на ликвидните во вкупните средства, како и видот на депозитите. Притоа, зголемената конкуренција, поголемата диверсификација на изворите на средства и зголемувањето на нивната стабилност, како и зајакнатото управување со банкарските ризици (особено со кредитниот ризик), би биле во прилог на подобрување на ефикасноста на банките.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}