Јубилеј 60 години централно банкарство
во Република Македонија
Скопје, 20-21 октомври 2006 година
Во 2006 година одбележуваме јубилеј 60 години
централнобанкарски активности во Република Македонија. Одбележувањето на
овој значаен јубилеј ќе се одвива во периодот од 20 до 21 октомври 2006 година
преку неколку настани во организација на Народна банка на Република Македонија.
Имено, во рамки на одбележувањето на јубилејот, на 20 октомври е предвидена
свечена вечерна програма, а на 21 октомври ќе се одржи меѓународна конференција
на тема: „Предизвиците на монетарната политика во услови на дефицит во тековната
сметка“.
Темата на конференцијата е од големо значење за носителите на монетарната
политика во земјите во транзиција, вклучително и во Република Македонија. Покрај
основата тема, предмет на дискусија ќе биде и спроведувањето на монетарната
политика во услови на либерализација на капиталните трансакции, односно
импликациите од либерализацијата и расположливите инструменти на централната
банка за минимизирање на потенцијалните ризици.
На одбележувањето на јубилејот се очекува присуство на истакнати експерти од
областа на централнато банкарство и финансиите од земјава и од странство.
Во продолжение е презентирана прелиминарната програма на настаните во рамки на
одбележувањето на јубилејот.
П Р О Г Р А М А
60 ГОДИНИ ЦЕНТРАЛНО БАНКАРСТВО
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје, 20-21 октомври 2006 година
20 октомври, 2006 година (петок) |
20:00
Свечено отворање
-
Обраќање на г. Петар Гошев, гувернер на Народна банка на РМ
-
Обраќање на г. Malcolm D. Knight, генерален директор
на Банка за меѓународни порамнувања
- Обраќање на г. Бранко Црвенковски, претседател на РМ
20:30
Концерт
21:30
Коктел
Локација: Македонска опера и балет
21 октомври, 2006 година (сабота) |
09:00 - 14:15
Конференција - „Предизвиците на монетарната политика во услови на дефицит на
тековната сметка”
Програмата за Конференцијата Ви е доставена во прилог
Локација:
хотел „Холидеј ин”
14:15-15:30
Ручек
- Обраќање на г. Трајко Славески, министер за финансии на
Република Македонија
Локација: хотел „Холидеј ин”
15:30-17:00
Посета на музејската поставка на НБРМ и промоција на монографијата на НБРМ
Локација: Народна банка на
Република Македонија
КОНФЕРЕНЦИЈА:
„ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ВО УСЛОВИ НА ДЕФИЦИТ НА ТЕКОВНАТА СМЕТКА"
21 октомври 2006 година (сабота)
Локација: ХОТЕЛ „ХОЛИДЕЈ ИН"
09:00-09:15
|
Петар Гошев, гувернер на Народна банка на Република Македонија
Воведно излагање
|
09:15-09:30 |
Обраќање на Никола Груевски, претседател на Владата на
Република Македонија
|
09:30- 09:55
|
Malcolm D. Knight,
генерален директор на Банка за
меѓународни порамнувања (BIS)
Елементи на доброто управување од страна на централните
банки
|
09:55-10:20 |
Georges Pineau, заменик
генерален директор, Меѓународни и
европски односи, Европска централна банка
Монетарната политика, дефицитите на тековните сметки и
капиталните приливи - регионален поглед
|
10:20-10:45
|
David Klein,
поранешен гувернер на Банка на Израел
Постепена транзиција од режим на фиксен кон режим на
флексибилен девизен курс и независноста на централната банка:
случајот на Израел
|
10:45-11:10
|
Дискусија
|
11:10-11:45
|
Кафе-пауза
|
11:45-12:10 |
Hans Reckers,
член на Извршниот одбор на Централна банка на
Германија
Седум години од воведувањето на еврото
|
12:10-12:35
|
Andrej Rant, вицегувернер
на Банка на Словенија
На патот кон еврото
|
12:35-13:00 |
Miroslav Singer,
вицегувернер на Народна банка на Чешка
Монетарната политика и макроекономските нерамнотежи:
искуството на Чешка
|
13:00-13:25 |
Zsigmond Jarai,
гувернер на Централна банка на Унгарија
Таргетирање на инфлацијата: искуството на Унгарија
|
13:25-13:50 |
Ivan Ribnikar,
професор на Економски факултет, Љубљана или
Velimir Bole,
Економски институт, Правен факултет, Љубљана
Влијанието на големите нерамнотежи на тековната сметка врз монетарната и
фискалната политика: случајот на Република Македонија
|
13:50-14:15
|
Дискусија
|