Ве известуваме дека на 21. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 9 јуни 2016 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:
- „Банкарски специфични и макроекономски детерминанти на нефукционалните кредити во Република Македонија: Компаративна анализа на кредитите на претпријатијата и домаќинствата", автор: Јордан Ќосевски; и
- „Детерминанти на структурата на капиталот на корпоративниот сектор: случајот на Македонската економија со панел податоци“, автор: Биљана Јовановиќ.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 21. сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 јуни 2016 година на тел. +389 2 3298110 или на е-пошта: [email protected].
Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.