III - седница, 31.03.2005 година ДНЕВЕН РЕД 1. Усвојување на Записник од II-та седница на Советот на Народна банка на Република Македонија и Записникот од 28.02.2005 година;
2. Извештај за работењето на Внатрешната ревизија во 2004 година (доверливо);
3. Ревизорска програма за извршување на активностите на внатрешната ревизија во 2005 година;
4. Одлука за објавување интерен оглас за избор на работник со посебни овластувања;
5. Одлука за дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоци за услуги што ги врши Народна банка на Република Македонија;
6. Конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на Годишната сметка за 2003 година;
7. Информација за методологија за изработка на монетарни прегледи;
8. Информација за начинот на пресметка на каматните стапки на банките и потребата од негова промена;
9. Одлука за доставување податоци за каматните стапки на банките на примени депозити и дадени кредити;
10. Информација за начинот на пресметка на каматните маргини на банките;
11. Монетарна трансмисија преку каматни стапки во Република Македонија ;
12. Извештај за извршена контрола на менувачко работење и услуги брз трансфер на пари;
13. Информација за супервизорските циркулари:
- Супервизорски циркулар бр. 1 - Системи за внатрешна контрола, поставеноста на внатрешни ревизии, улогата на надворешните ревизии и релацијата помеѓу внатрешната ревизија, надворешната ревизија и банкарската супервизија (ревидирана верзија);
- Супервизорски циркулар бр. 7 - Системи на банките за спречување на перење пари;
- Супервизорски циркулар бр. 8 - Сметководствени и регулаторни аспекти на средствата дадени и земени под лизинг;
- Супервизорски циркулар бр. 9 - Циркулар за сигурноста на информативниот систем на банката;
14. Месечна информација 1/2005;
15. Верификација на:
- Одлука за усвојување на Годишната сметка на Народна банка на Република Македонија за 2004 година.
Гувернер
и претседател
на Советот на Народна банка на
Република Македонија
м-р Петар Гошев с.р.