Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 18 мај 2011 година Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена каматна стапка од 4,0%.
На аукцијата банките купија благајнички записи во износ од 4,26 милијарди денари. Имајќи предвид дека на 18 мај 2011 година беа исплатени 4,37 милијарди денари врз основа на достасани благајнички записи, по одржувањето на денешната аукција состојбата на благајничките записи се намали за 0,11 милијарди денари.