Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 15 мај 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,50%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 24.020 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 2.478 милиони денари и изнесуваше 26.498 милиони денари. Реализацијата изнесува 24.020 милиони денари, а постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,37%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 12 јуни 2013 година.