Во рамки на монетарната статистика, на квартално ниво, се објавуваат билансите и прегледите на депозитните институции (НБРМ, банки и штедилници), билансот и прегледот на останатите финансиски институции и прегледот на финансиските институции во кој се консолидираат податоците на депозитните институции со податоците на останатите финансиски институции. Посебно се прикажани билансите и прегледите на осигурителните друштва, пензиските фондови, инвестициските фондови, финансиските друштва, друштвата даватели на финансиски лизинг, друштвата за управување со инвестициските фондови и пензиските фондови. Кварталните податоци се однесуваат на состојбата на средствата и обврските на финансиските институции, поделени по финансиски инструменти, институционални сектори, валута и рочност.
_________________________________________________________________________________
Најнови остварувања:
Во првиот квартал на 2026 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 313.195 милиони денари. Притоа, средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 22,5% во средствата на финансиските институции. Анализирано по сектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 63,3% во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 14,1%.
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во првиот квартал забележаа квартално и годишното зголемување од 4,2% и 17,8%, соодветно, главно поради повисоките средства на пензиските фондови, а позитивни движења се остварени и кај останатите потсектори. Прочитај повеќе ...
_________________________________________________________________________________



Архива на биланси и прегледи на финансиските институции - квартални податоци
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)