Клириншки интербанкарски системи - КИБС

Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) е оператор на системот за мултилатерално одложено нето-порамнување за процесирање на мали плаќања. Учесници во платниот систем на КИБС се банките, трезорскиот систем и Фондот за здравствено осигурување. Порамнувањето на нето-состојбите се врши еднаш дневно, помеѓу 14:30 и 15:30 часот во МИПС.

Работата на КИБС, како систем за одложено нето-порамнување за процесирање на малите плаќања е регулиранa со Законот за Народната банка на Република Македонија, Законот за платен промет и подзаконските акти донесени од Народната банка.

Согласно со Законот за Народната банка на Република Македонија и Законот за платен промет, Народната банка е овластена да ја надгледува сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платните системи за клиринг и порамнување. Поради тоа, КИБС е предмет на надгледување од страна на Народната банка.

На следниот линк се наоѓа интернет-страницата на Клириншките интербанкарски системи АД Скопје.