Монетарни агрегати ‒ парична маса и нејзините компоненти
Паричната маса М1 ги опфаќа готовите пари во оптек и депозитните пари. Паричната маса М2 (ликвидни средства) ги вклучува монетарниот агрегат М1 и краткорочните депозити. Паричната маса М3 (стандардна дефиниција на паричната маса) ги вклучува монетарниот агрегат М2 и долгорочните депозити орочени од една година до две години. Паричната маса М4 (вкупен депозитен потенцијал на монетарниот систем) ги вклучува монетарниот агрегат М3 и долгорочните депозити орочени над две години, во денари и странска валута. Монетарниот агрегат М3 претставува меѓународно усогласена дефиниција на паричната маса на Република Северна Македонија.
Депозити кај банките и штедилниците
Депозитите кај банките и штедилниците на недржавниот сектор ги опфаќаат депозитните пари (тековните сметки), депозитите по видување, депозитите преку ноќ, орочените депозити и ограничените депозити. Депозитите се прикажани според секторската, валутната и рочната структура.
______________________________________________________________________________
Најнови остварувања:
Во април 2025 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) оствари месечно зголемување од 0,7%. Анализирано на годишно ниво, паричната маса бележи раст од 10,0%, поради зголемувањето на депозитните пари, долгорочните депозити до две години, краткорочните депозити и готовите пари во оптек.
Вкупните депозити, во април, се зголемени за 0,4% на месечна основа, во целост како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор забележаа намалување. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,6%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“. Прочитај повеќе...
___________________________________________________________________




Архива на монетарни и кредитни агрегати
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)