Од Петок, 23 април 2021 година, до веб сервисот за курсна листа ќе се пристапува исклучиво преку https

Корисниците треба да ги прилагодат своите апликативните решенија (веб сервис клиенти) согласно информациите од https://www.nbrm.mk/klservice/kurs.asmx?wsdl 



Програмерите кои развиваат сопствени апликации имаат на располагање web сервис со кој ќе можат да ги превземаат податоците во xml формат.

Сервисот враќа податоци за курсната листа на македонски, албански и англиски јазик.

/klservice/kurs.asmx

 

Web сервисот располагa со четири методи. Првите два се однесуваат на курсната листа, а останатите два на курсеви на НБРМ за потребите на државните органи:

  • GetExchangeRate кој прима 2 параметрa: StartDate и EndDate. И двата параметри треба да бидат во String формат и да презентираат валиден датум во облик: dd.MM.yyyy
    (Пример: StartDate=12.02.2010; EndDate=15.02.2010)

  • GetExchangeRateD кој прима 2 параметрa: StartDate и EndDate. И двата параметри треба да бидат во Date(Пример: StartDate=12-feb-2010; EndDate=15-feb-2010)


  • GetExchangeRates кој прима 2 параметрa: StartDate и EndDate.
    И двата параметри треба да бидат во String формат и да презентираат валиден датум во облик: dd.MM.yyyy
    (Пример: StartDate=12.02.2010; EndDate=15.02.2010)

  • GetExchangeRatesD кој прима 2 параметрa: StartDate и EndDate. И двата параметри треба да бидат во Date формат и да презентираат валиден датум.
    (Пример: StartDate=12-feb-2010; EndDate=15-feb-2010)

За подетални информации за web сервисот кликнете на линкот: 

/klservice/kurs.asmx?wsdl  

 

Упатство за користење на веб-сервисот на Народната банка за курсната листа и курсевите за државните органи