Народната банка ја објави едукативната публикација „Стрипотека со Денарко“ наменета за најмладата популација во земјава, пред сè за децата од основните училишта. Оваа публикација е уште еден од проектите со кои централната банка се обидува да придонесе за соодветно квалитетно финансиско образование на новите генерации, коешто ќе овозможи зголемување на финансиската писменост на населението во државата и во иднина.